Услови за продажба
Ве молиме внимателно прочитајте ги условите за продажба на ajfiks.com. Со поднесување на нарачка преку оваа веб страница, потврдувате дека сте запознаени и се согласувате со условите наведени подолу.
1. Општи информации за продавачот
Назив: АЈФИКС ДООЕЛ
Адреса: ул. Иво Лола Рибар 128, 1300 Куманово, Македонија
Телефон: 076/311-600
Viber / WhatsApp: 076/311-600
E-mail: [email protected]
ЕДБ: 4017015529550
ЕМБС: 7089848
2. Предмет на продажба
На веб-страницата ajfiks.com се продаваат производи од понудата на АЈФИКС ДООЕЛ, како што се алат, градинарска опрема и други сродни производи.
Производите се прикажани со опис, фотографии, технички информации и цена. АЈФИКС ДООЕЛ вложува напор информациите да бидат точни, но можно е да постојат ненамерни технички или печатни грешки.
3. Цени на производи
Сите цени на ajfiks.com се прикажани во македонски денари (МКД).
Цените важат во моментот на поднесување на нарачката и може да бидат променети без претходна најава, освен за веќе потврдени нарачки.
Дополнителните трошоци за достава, доколку постојат, се прикажуваат одделно во кошничката и при завршување на нарачката.
4. Начин на нарачување
Купувањето се врши со избор на производ, додавање во кошничка, внесување на потребните податоци и потврдување на нарачката преку веб страницата. По поднесување на нарачката, купувачот добива потврда дека нарачката е примена.
5. Потврда на нарачка
Поднесувањето на нарачка не значи автоматска конечна потврда за достапност на производот. АЈФИКС ДООЕЛ го задржува правото дополнително да ја потврди нарачката преку телефон, e-mail или порака.
6. Достапност на производи
Иако АЈФИКС ДООЕЛ настојува да ја одржува точна состојбата на залиха, можно е одреден производ да не биде достапен во моментот на обработка на нарачката.
Во таков случај, купувачот ќе биде навремено контактиран со информација за достапност, можен рок на испорака, замена со сличен производ или откажување на нарачката.
7. Начини на плаќање
Плаќањето на ajfiks.com се врши според достапните методи наведени на веб-страницата во моментот на нарачка.
Во зависност од поставките на продавницата, плаќањето може да биде со:
- плаќање при достава,
- фактура,
- банкарски трансфер.
8. Достава
Доставата се врши преку избрана курирска служба на територија на Македонија, освен ако поинаку не е наведено.
Рокот за достава зависи од достапноста на производот, временскиот период, работните денови и условите на курирската служба.
Трошокот за достава се прикажува одделно при нарачка, освен во случаи кога е овозможена бесплатна достава според условите наведени на страницата.
9. Трошок за достава
За нарачки до 3.999 денари се наплатува трошок за достава, кој се прикажува посебно во кошничката и при завршување на нарачката.
За нарачки од 4.000 денари и повеќе, доставата е бесплатна, освен ако за одредени производи или акции не е наведено поинаку.
10. Пренос на ризик
Ризикот од оштетување или губење на производот преминува на купувачот во моментот на прием на пратката, освен во случаи утврдени со важечките законски прописи.
11. Проверка при прием
Купувачот е должен при прием на пратката визуелно да ја провери амбалажата и производот. Доколку постои видливо оштетување, се препорачува тоа веднаш да се пријави кај курирот и кај продавачот.
12. Откажување на нарачка од страна на продавачот
АЈФИКС ДООЕЛ го задржува правото да одбие или откаже нарачка во следниве случаи:
- неточни или нецелосни податоци од страна на купувачот,
- недостапност на производот,
- очигледна техничка или ценовна грешка,
- сомнеж за злоупотреба или нарачка спротивна на важечки прописи.
13. Право на повлекување, враќање и рекламации
Купувачот има право на повлекување од договор, враќање на производ и поднесување рекламација согласно важечките законски прописи и политиките објавени на ajfiks.com.
Повеќе информации се достапни на посебните страници за Враќање и замена, Право на повлекување од договор и Рекламации.
14. Гаранција и сервис
За производите за кои е предвидена гаранција, купувачот ги остварува правата согласно гарантен лист, приложена документација и важечките прописи.
За повеќе информации околу гаранција, сервис и услови за користење на гаранцијата, купувачот треба да ја погледне посебната страница за гаранција или да нè контактира директно.
15. Заштита на лични податоци
Податоците внесени при нарачка се користат исклучиво за обработка на нарачката, достава, корисничка поддршка и исполнување на законските обврски на продавачот, согласно Политиката за приватност на ajfiks.com.
16. Измени на условите
АЈФИКС ДООЕЛ го задржува правото во секое време да ги измени или ажурира овие Услови за продажба. Измените важат од моментот на нивно објавување на веб страницата.
17. Применливо право
За сите прашања што не се уредени со овие услови, ќе се применуваат важечките прописи на Република Северна Македонија.
AJFIKS.COM
Најди Кликни Купи
Со поднесување на нарачка преку ajfiks.com, потврдувате дека сте ги прочитале и прифатиле овие услови за продажба.